10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Телеграф“: „Јужен Поток“ е политички мртов

„Телеграф“: „Јужен Поток“ е политички мртов

juzenpotok6f5e4165f4ew4f64ew6

– Во рамки на санкциите против Русија поради анексијата на Крим, ЕУ се подготува да го замрзне проектот за изградба на гасоводот „Јужен Поток“, тврди британскиот весник „Телеграф“.

Според веникот, за замрзнување на овој проект станало збор и на средба на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо со бугарски официјални претставници, на која Брисел побарал од Бугарија да не се противи на ваквата мерка на Унијата и да не го поткопува „заедничкиот одговор“ на ЕУ во врска со украинската криза.

– И рековме на Бугарија да биде внимателна, изјавил Барозо по средбата. Според „Телеграф“, Барозо наводно рекол дека „во Бугарија има луѓе кои се агенти на Русија“ и се залагаат за склучување билатерален договор меѓу Софија и Москва за „Јужен Поток“, чија изградба би требало да чини онолу 50 милијарди долари.

Брисел е воздржан кон проектот „Јужен Поток“, бидејќи се него се поврзани и олигарси блиски до рускиот претседател Владимир Путин. Официјално ЕУ е на ставот дека овој проект и натаму е во игра, но тој практично е политички мртов, наведува „Телеграф“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП