17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрбан: Банкарскиот данок останува

Орбан: Банкарскиот данок останува

orbanwijviktorkdqwdewq

Унгарија планира да го задржи казнениот банкарски данок кој е наменет за сите банки во земјата, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На прашањето за курсот на форинтата, Орбан не сакаше да даде коментар, истакнувајќи дека тоа прашање е за централната банка, пренесува Ројтерс.

„Кога станува збор за банкарскиот сектор, задоволен сум што гледам дека банките го воведоа банкарскиот данок во своите операции и дека успеаа полека да се вратат на профитот во 2013 година“, изјави Орбан за време на првата конференција за новинарите по одржувањето на парламентарните избори, на кои неговата партија Фидес забележа убедлива победа.

„Од таа причина, верувам дека е оправдано банките да останат дел од праведниот систем за делење на товарот“, заклучи Орбан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП