12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРабота од дома: Предност или кошмар?

Работа од дома: Предност или кошмар?

B

Флексибилното работно време често знае да се претвори во вистински кошмар за работниците, бидејќи тие тогаш несвесно стануваат 24 часа достапни за сите потреби на работата.

Многу вработени сакаат да работат од дома, поврзани со компјутерските системи на компанијата, но тука постојат два проблеми, малку компании ја нудат оваа можност, а оние кои ја нудат настојуваат максимално да ги искористат работниците.

Во денешно време кога електронската пошта е достапна и преку мобилниот телефон, дури и кога сте на одмор сигурно се приметувате себе си дека ја прегледувате бизнис електронската пошта.

Истражувањата покажуваат дека голем број на вработени сакаат да работат од дома, но само 11 проценти од компаниите во светот ја нудат таа активност.

Ваквиот вид на работа особено е поволен за мајките со мали дца.

Сепак, работата од дома најчесто подразбира прекувремена работа со цел да ги исполните сите барања на вашиот работодавец.

По осумчасовната работа, некои шфови очекуваат нивните вработени сеуште да се достапни за доколку се потребни да сработат уште нешто, и како што покажува резултатот од истражувањето, шефовите сметаат дека тие што се дома веќе се наградени со таа можност, па чесно е од нивна страна да вратат за услугата со „малку“ повеќе работа. Не наседнувате на ова, сите вработени треба да имаат и приватен живот, кој е многу поважен од работата.

Доколку во иднина се нафатите да работите од дома, треба јасно да го утврдите работното време (без разлика што работите од дома) и уште на самиот почеток да заземете став дека работните обврски надвор од работното време не се ваша обврска, со цел во понатамошниот работен процес да не бидете максимално искористени. А доколку тоа не е возможно и гледате дека шефот ве наградува со зборовите од типот на „ќе имате флексибилно работно време“, (тоа во превод значи ќе ми служите во секој момент кога сте ми потребни), подобро откажете се од таа желба и појдете да работите во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП