29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПоследици од долготрајната работа пред компјутер

Последици од долготрајната работа пред компјутер

work

Долготрајната работа пред компјутер и други електронски направи чии екрани емитуваат сина светлина може да предизвика долгорочни оштетувања на видот и несоница.

Според резултатите од британското истражување поради користењето гаџети на компјутерите во вечерните часови, шест до десет возрасни не спијат доволно.

Лидерот на истражувањето Ричард Вајсман од Универзитетот Хертфордшир вели дека тие напди „исклучително се загрижувачки“.

– Помалку од седум часови сон кај возрасните го зголемува ризикот од дебелина, срцев удар, дијабатес и рак, додава Вајсман.

Тој вели дека сината светлина на тие уреди поттиснува производство на мелатони, хормонот кој поттикнува сон, па е важно да се избегнуваат пред спиење.

Оптичарот Енти Хепворт вели дека „сино-виолетовата светлина е потенцијално опасна и токсична за очната позадина“ и додава дека штетата ја зголемува гледањето без трепкање и приближување на очите на екраните.

Во текот на подолго време тоа може да ги оштети вашите очи.

– Долготрајното изложување на сино-виолетова светлина не изложува на поголем ризик од развој на макуларна дегенерација која во подоцнежна возраст е главен причинител за губење на видот и засега не постојат ефикасни методи за нејзино лекување, вели Хепворт.

Експертите велат дека за разлика од „доброто“ сино-тиркизно светло кое му годи на биолошкиот часовник, вилетовото, кое го емитуваат екраните, ги попречува обрасците на спиење и влијае на располпжението.

Истражувањето покажало дека речиси половина од возрасните лица кои поминуваат речиси седум часа дневно гледајќи во екраните, почнуваат да се чувствуваат непријатно кога се оддалечени од електронски направи, на пример паметни телефони.

Истражувањето покажало дека 55 отсто од испитаниците сметаат дека чувството на непријатност во очите е главен проблем на изложување на очите од влијанието на екранот.

Претходно јапонско тригодишно истражување врз 25.000 испитаници покажало дека седењето пред компјутер подолго од пет часа дневно значително го зголемува ризикот од депресија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП