3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкомат го замени шалтерот во банката

Банкомат го замени шалтерот во банката

sparkase-banka22

Банкомат кој ќе ги нуди сите услуги како и на шалтер во банката денеска е пуштен во функција во новата експозитура на Шпаркасе Банка во центарот на Скопје, во близина на Плоштадот Македонија.

Од Банката најавуваат дека согласно стратегијата за развој на Банката во наредните три години постепено ќе ги замени постоечките банкомати со новиот тип банкомати.

Шпаркасе Банка и во иднина ќе продолжи во исполнувањето на својата стратешка определба за надградување на своите услуги и развивање на своите производи, се со цел задоволување на потребите на клиентите во согласност со европските трендови и стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП