20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелегација на Охрид учествуваше на Јадранскиот саем во Будва

Делегација на Охрид учествуваше на Јадранскиот саем во Будва

jadranski-sajam-logo

Делегација на општина Охрид предводена од раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот Зоран Рафтоски учествуваше на „Јадранскиот саем за туризам и исхрана“ што се одржа во црногорскиот град Будва.

Рафтоски во Будва се сретна со заменик-градоначалникот и со амбасадорот на Унгарија во Црна Гора, кои беа информирани за започнатите и идни проекти на општина Охрид насочени кон економското и туристичко заживување на градот. На средбата било разговарано и околу започнатиот процес за збратимување на Охрид со унгарскиот град Веспрем, а била разгледана и можноста за збратимување на Охрид со Шиофок, град на познатото унгарско езеро Балатон.

Идната соработка на Охрид и унгарските градови е значајна поради можностите од зедничко аплицирање со проекти пред европските фондови.

При престојот во Будва, охридската делегација оствари средби и со јавни личности од економскиот и културниот живот во Црна Гора, како и со претставници на црногорските туристички агенции и познати тур-оператори при што биле разменети искуства за унапредување на туристички развој на Македонија и Црна Гора.

Претставници од општина Охрид редовно учествуваат на Јадранскиот саем што се одржува во Будва, градот со кој Охрид е збратимен уште од 1984 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП