29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо март намалени трошоците на живот

Во март намалени трошоците на живот

trosoci zivot

Трошоците на живот во март во однос на февруари годинава се намалени за 0,3 проценти, а цените на мало за 1,2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалувањето на трошоците на живот од 0,3 проценти во март во споредба со февруари е резултат на пониските цени на мастите за 5,4 проценти, други прехранбени производи за 1,1 проценти, месото за 0,9 проценти, преработките од риба за 0,8 проценти, конзервираните месни производи и свежиот зеленчук за 0,6 проценти, шеќер, џем, мед, чоколада и кондиторски производи за 0,3 проценти и сувото овошје за 0,2 проценти.

Во март, намалување на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 6 проценти, авионскиот превоз на патници за 3,6 проценти, услугите за сместување за 2,7 проценти, средствата за чистење и одржување стан за 1,9 проценти, течните горива за домаќинствата и телефонските и факс апарати и услуги за 1,8 проценти, обувките за 1 процент, фармацевтските производи за 0,7 проценти и течните горива и мазива за 0,3 проценти.

Пораст на трошоците на животот во март, во споредба со претходниот месец, статистика евидентира кај свежото овошје за 3,4 проценти, преработките од зеленчук за 1,8 проценти и замрзнатиот зеленчук за 1 процент. Исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај пакет-туристичките аранжмани за 3,3 проценти, стаклените садови, кујнскиот прибор и друга опрема за домаќинствата за 1,3 проценти, други средства за рекреација, цвеќиња, миленици за 0,6 проценти, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,5 проценти, цврстите горива за 0,3 проценти, материјалите за одржување и поправки на станот и големите електрични апарати за домаќинствата за 0,2 проценти.

Трошоците на животот во март годинава во споредба со март лани се зголемени за 0,2 проценти, а цените на мало бележат намалување од 0,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП