Инфлацијата во Украина во март забрза на нивото од 2,2 проценти, соопшти Државната служба за статистика.
Според податоците на службата, во споредба со март 2013 година, растот на потрошувачките цени во Украина изнесувал 3,9 проценти, пренесува агенцијата Униан.
Од почетокот на годината производствените цени се зголемиле за три проценти.
Претседателот на Народнатата банка на Украина, Степан Кубив, прогнозираше дека инфлацијата во земјата оваа година ќе достигне од 12 до 15,7 проценти.
Во 2013 година во Украина е забележан раст на потрошувачките цени од 1,7 проценти.