3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДимовски се сретна со претставници од турското Mинистерство за шумарство и водостопанство

Димовски се сретна со претставници од турското Mинистерство за шумарство и водостопанство

ljupco-dimovski

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Скопје се сретна со тим од експерти–инженери од Министерството за шумарство и водостопанство на Република Турција.

Оваа средба, како што соопшти, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е резултат на минатогодишната посета на министерот Димовски на Анкара и средбата со министерот Вејсел Ероглу, на која е договорено експертски тим од турското

Министерство за шумарство и водостопанство да и понуди стручна помош на Република Македонија во областа на наводнувањето со проектирање на мини хидроакумулации.

Министерот Димовски на средбата истакнал дека изградбата на овие мали хидроакумулации претставува голема помош за индивидуалните земјоделски производители во производството на земјоделски култури, појаснувајќи притоа дека веќе е започната темелна реконструкција на системот за наводнување и изградба на големи хидро објекти. Се работи, рекол министерот, според утврден план на активности за следните 10 години, а во тек се подготовките за реорганизација на водостопанстопанскиот систем за негово подобро и засилено работење и ефикасност, како и негово функционално враќање на предвидените 96.000 ха земјоделска површина. Во текот на оваа недела предвидени се теренски посети на системите за наводнување.

Експертскиот тим од Турција и министерот Димовски се договарале приоритет да се даде за Костурино, заради специфичната локација на местото и потребата на индивидуалните земјоделски производители за одгледувањето на тутунот како една од стратешките култури во Македонија. Предлог локација за мала хидроакумулација веќе постои.

По проектирањето на овие мали хидроакумулации, турските експерти, во следната фаза предвидуваат и воспоставување на системот за наводнување капка по капка.

Средбата, се согласиле соговорниците, ќе значи продлабочувањето на плодната соработка помеѓу Македонија и Турција од областа на земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП