6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на еврозоната изнесува 0,4 проценти

Економскиот раст на еврозоната изнесува 0,4 проценти

evrog4545df44t7hj6y7y6565ythg

Економскиот раст во еврозоната во првиот квартал од оваа година изнесува 0,4 проценти, проценуваат, фрaнцускиот, италијанскиот и германскиот завод за статистика.

Се очекува дека економскиот раст во еврозоната во вториот квартал би можел да достигне 0,3 проценти.

Во извештаите на Истат, Инсее и Ифо, се наведува дека растот на бруто домашниот производ (БДП) во еврозоната е остварен благодарение на прогресивниот раст на домашната побарувачка, наведува АФП.

За раст на БДП придонесе пред се зголемувањето на индустриското производство, додека потрошувачката на домаќинствата и понатаму се намалува.

Незначителниот раст на потрошувачката од 0,2 проценти би можел да биде забележан во наредниот квартал.

Активностите во производните сектори остануваат недоволни за да се одразат врз намалувањето на невработеноста.

Според предвидувањата на овие три институции, инфлацијата и понатака ќе остане слаба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП