6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБучавата не тера да грешиме

Бучавата не тера да грешиме

1864525786_1392302175

За донесување на одлуки, за размислување и концентрација потребен е мир, бидејќи звуците ни пречат во перцепцијата. Ни пречат и звуците кои не ги слушаме!

На секој од нас ни е потребен мир барем половина час дневно, бидејќи премногу бучава, па дури и онаа на која сме веќе навикнати, не принудува да донесуваме погрешни одлуки, тврдат истражувачите од Принстон.

Имено, погрешните животни одлуки, па дури и оние помалку важните, досега се сметале за лоша проценка на мозокот.

Меѓутоа, научниците тврдат дека мозокот нема проблем да ја обработи било која информација кога таа ќе стигне на вистински начин до него. Тоа практично значи дека нам за донесување на одлуки, размислување и концентрација ни е потребен мир, бидејќи звуците ни пречат во перцепцијата.

Интересно е и тоа што нам ни пречат и звуци кои не ги слушаме, односно оние на кои сме се навикнале. Тоа може да биде сообраќајот кој слабо се слуша преку затворен прозорец, звукот кој го произведува клима уредот, тивката музика на радио…

Кога околу нас е бучно, разговараат луѓе, паѓа дожд… мозокот процесуира информации со грешка, а невролозите тврдат дека внатрешните ментални процеси се потполно нечујни и дека секоја несовршеност е последица на бучавата во сетилата.

Едноставно речено, кога работите нешто што ви е важно или размислувате за своите проблеми, обидете се да имате мир, бидејќи ако има бучава, грешките ќе бидат неминовни.

Што е посилна бучавата, толку веројатноста е поголема дека нешто ќе погрешиме, а научниците тврдат дека без оглед на тоа дали некој се занимава со стресна работа или не, треба барем половина час дневно да седи во тишина, за мозокот да се одмори, да се „рестартира“ и да се подготви за многуте информации кои ќе ги прими потоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП