Вработените во грчките медиуми утре ќе штрајкуваат во знак на протест против мерките што ги договорија Владата и меѓународните кредитори, како замена за доделување на траншите од спасувачките заеми за земјата, јавија грчките електронски весници.

Протестот се организира еден ден пред закажаниот генерален штрајк на вработените во државниот и приватниот сектор, што го свикаа двата грански синдикати ГСЕЕ и АДЕДИ.
Учество во генералниот штрајк најави и Федерацијата на наставници и универзитетски професори.
Се очекува штрајкот да предизвика проблеми во сообраќајот, бидејќи во него ќе се вклучат и морнарите и железничарите.