28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСвечено беше отворен првиот Саем за вработување и пракса „Контакт“

Свечено беше отворен првиот Саем за вработување и пракса „Контакт“

fe

На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, денеска, свечено беше отворен првиот Саем за вработување и пракса „Контакт“, организиран од Студентскиот парламент на студентите при ФЕИТ.

Тридневниот саем ќе трае до среда (09.04.2014 година), а денеска се организира и форумска расправа на тема „Соочуваме аргументи на тезата: пресекот помеѓу стручните познавања на дипломецот и побарувањата на стопанството е празно множество“, на која ќе учествуваат студенти, професори и претставници на компании.

На саемот се презентираат 15 компании од енергетскиот и ИТ секторот, автоматиката, телекомуникациите, електрониката, како и неколку банки. Меѓу компаниите кои се претставуваат на саемот се Дуна компјутери, Прокредит банка, АЕК, ЕВН, ЕЛЕМ, МЕПСО, Џонсон Контролс, Неб, Неотел, Телефонмонтажа, Микросам, Дрекслермаер, Кабтел и други компании.

Освен директното претставување на компаниите на штандови, се одржуваат и предавања од реноминирани професори и вработени во компаниите.

saem FEIT

„Целта на саемот е да ги поттикнеме студентите, нашите колеги, да посегнат кон можностите што ги нуди саемот, односно вработувања и пракса во едни од најголемите компании во нашите дејности. Исто така, отворивме CV база на веб страницата на Контакт, каде што сите студенти можат да остават своја биографија која ќе им биде достапна на компаните во текот на целата година. Од друга страна, компаниите ќе имаат пристап до вештините, интересите и вредностите на студентите кои бараат работа или практична настава“, вели Анџело Лазаревски, претседател на Студентскиот парламент на ФЕИТ.

Според него, студентите, преку саемот, ќе научат како стратегиски да ја планираат својата кариера и барањето работа или пракса.

„Студентите ќе имаат можност да ги прошират своето гледиште за тоа кон што да се насочат во иднина и што ги очекува на пазарот на трудот. Компаниите ќе им бидат достапни и ќе имаат можност за директна комуникација со нив“, велат од студентскиот парламент.

Компаниите, преку овој саем за врабоување и пракса, според професор Димитар Ташковски, продекан за финансии и соработка со стопанството, ќе имаат можност први да ги изберат најдобрите суденти кои, се уште, не се појавиле на пазарот на трудот. Од друга страна.

„Од друга страна, студентите  ќе си најдат фирма за вработување и пракса. А Факултетот ќе биде во тек со професионалниот ангажман на нашите студенти и ќе ја следи потребата и можностите за прилагодување согласно барањата на пазарот. Затоа формиравме и Ценар за кариеа кој дава целосна поддршка на студените од нивниот запишување до вработувањето. Со оваа активност, всушност, работиме на делот за вработувањето на нашите студенти“, рече професор Ташковски.

Освен директната комуникација, студентите изработиле андроид апликација во која се сместени информации за фирмите учеснички на настанот.

„Сите што ќе ја посетат апликацијата може да дознаат многу повеќе за одредена компанија на два начини. Првиот е со клик на името на компанијата каде што се наведени нејзината дејност, мисија, визија, постоење на пазарот и слично. Другиот начин е со избор на една од десетината „мини игри“, кои на забавен начин, доколку поминете одредено ниво, ќе Ви открие одреден сет информации околу компанијата, настанот, студентскиот парламент на ФЕИТ или за самиот факултет“, објаснува Лазарески.

На свеченото затворање на настанот, во среда, ќе се доделат сертификати за учесниците на неофицијалниот дел на настанот и благодарници за фирмите учесници.

Недела ден пред одржување на саемот, се одржа и неофицијален дел, каде преку предавања студентите учеа како се пишува професионално CV и мотивациско писмо, како да се претстават на успешно интервју, како да ги подобрат своите презентациски вештини и слично. Студентите внимателно ги следеа предавањата на едукаторите од Центарот за неформално образование Триаголник и ги надградија своите знаења за што поуспешен пристап кон идните можности за вработување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП