2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEdmond de Rothschild ги зголеми средствата под управување на 133,6 милијарди евра

Edmond de Rothschild ги зголеми средствата под управување на 133,6 милијарди евра

logo-edmond-rothschild

„Edmond de Rothschild“ минатата година ги зголеми средствата под управување за девет проценти, на 133,6 милијарди евра.

Со тоа официјално се приближи кон целта од 155 милијарди евра која сака да ја достигне до 2016 година. Групацијата предупредува на постојан одлив на пари од нивниот оддел за приватно банкарство со седиште во Швајцарија. Тоа се должи на промените во регулативата поврзани со банкарската тајна.

Оперативната добивка на групацијата е зголемена за пет проценти, на 950 милиони евра, но нето добивката е намалена за една петина, на 87 милиони евра, што е последица на вонредниот приход од акциските опции во 2012 година.

Групацијата поминува низ турбулентен период откако пред три години Барон Бенџамин и неговата сопруга Ариана го поставија Кристофер де Бакер за главен извршен директор. Минатата година групацијата отвори канцеларии во Лондон обидувајќи се да го создаде и четвртиот важен европски центар на своето работење, покрај тие во Париз, Женева и Луксембург.

Групацијата неодамна ја зајакна и позицијата во Азија со отворање на канцеларија во Хонг Конг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП