1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWeibo ќе се појави на Њујоршката берза

Weibo ќе се појави на Њујоршката берза

weiboo2

Kинеската друштвена мрежа „Weibo“ преку иницијална јавна понуда (IPO) на Њујоршката берза ќе понуди 20 милиони акции по цена од 17-19 долари по акција.

Вкупната пазарна вредност на овој сервис за размена на пораки е проценета на 1.66 милијарди долари, а од продажбата на акции очекуваат да соберат околу 380 милиони долари.

Со тоа „Weibo“ стана последната во низ кинеска интернет компанија која доаѓа на американскиот пазар. Имено, кинеската групација „Alibaba“, специјализирана за трговија преку интернет, и која има удел во „Weibo“, очекува оваа година на Њујоршката берза да собере околу 15 милијарди долари.

По излегувањето на „Weibo“ на берзата, уделот на кинеската компанијата „Sina“ во оваа друштвена мрежа, кој моментално изнесува 78 проценти ќе се намали на 57 проценти.

Приходите на „Weibo“ од реклами и маркетинг во минатата година беа тројно зголемени на 148,42 милиони долари, додека целокупниот приход порасна на 188,3 милиони долари од 65,9 милиони долари од 2012-та година, а нето-загубата е намалена на 38,1 милиони долари од 102,5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП