18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија го намали јавниот дефицит во 2013

Италија го намали јавниот дефицит во 2013

italija4

Јавниот дефицит на Италија е намален минатата година на 2,8 проценти од БДП, што е за 0,1 проценти помалку во однос на нивото од 2012 година, останувајќи под границата на ЕУ од три проценти покажаа официјалните податоци во Рим.

Податоците доаѓаат ден пред усвојувањето на економската програма која има за цел намалување на јавниот долг и дефицитот во наредните три години, пренесува агенцијата Франс прес.

Буџетскиот дефицит во четвртиот квартал од 2013 година изнесувал 1,1 проценти од БДП, што е 0,4 проценти под нивото од истиот квартал од 2012 година, наведува италијанскиот Завод за статистика.

Владата во Рим се наоѓа пред голем предизвик за оживување на економијата, која минатата година потона за 1,9 проценти. Италијанскиот јавен долг минатата година изнесуваше 132,6 проценти од БДП, што е највисокото ниво во ЕУ веднаш зад Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП