8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈугоисточна Азија регион со најголем економски развој

Југоисточна Азија регион со најголем економски развој

jugoistocna azija

Државите од југоисточна Азија, според проценките на Светската банка, со просечен стопански раст од 7,2 отсто и годинава ќе бидат подрачје со најбрз економски развој во светот.

Во единаесет држави во овој регион, каде што живеат над 600 милиони жители, вкупниот бруто национален приход ќе биде над два трилиони долари.

Според Светската банка, поголем раст на БДП ќе имаат островските земји, Индонезија, Сингапур, Филипините и Брунеи, а нешто побавен развој се очекува во Тајланд, Малезија и Виетнам.

Економскиот раст во ова подрачје во последните пет години е во рамките меѓу шест и 11 отсто. Во споредба со државите од овој регион, само кинеското стопанство имало поголема стапка на развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП