5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеформираната Ватиканска банка продолжува со работа

Реформираната Ватиканска банка продолжува со работа

vatikan

Папата Францис одлучи Ватиканската банка сеуште да постои, и покрај серијата скандали во кои беше вмешана, но тој објави и препораки за нејзината работа во иднина.

Банката, чие формално име гласи „Институт за религиозни прашања“ покрај се, беше обвинета и за перење пари.

„Банката ќе продолжи да служи на разумен начин и ќе обезбедува специјализирани финансиски услуги за Католичката црква ширум светот“, се вели во соопштението на Ватикан.

Во текстот се додава дека папта го одобрил предлогот за идното работење на банката, кој го составија разни комисии и австралискиот кардинал Џорџ Пел, шев на новиот ватикански Сектретаријат за економија.

Во соопштението се нагласува дека папата Францис инсистира работата на банките да биде транспарентна.

Банката во последната година, под водство на Ерст Вон Фрајберг од Германија затвори стотици банкарски сметки, воведе ригорозни правила против перење пари и покрена неколку истраги за сомнителни активности.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП