18 април, 2025
ПочетнаКАРИЕРАКако навреме да заминете од работа?

Како навреме да заминете од работа?

zaminete na vreme

Теоретски да, но практично немате работно време, сето тоа зависи од обврските, работата, клиентите и др. Без оглед на се, сепак ова во голема мера зависи и од вас.

Еве неколку совети како навремено да излезете од работа…

Одредете си точно време на заминување

Ако работите од 08 до 16 часот, тогаш треба да сметате дека 16 часот е времето кога треба да ја напуштите работата, ако самите си велите, „не се брзам ќе останам некоја минута повеќе“, бидете сигурни дека ќе останатете уште најмалку еден час.

Кажете им на колегите дека сакате навреме да си одите

Кажете им на вашите колеги дека денес, утре, задутре или било кога во 16 чaсот си заминувате, дека нема да останете повеќе и дека сте ги завршиле работите, сето ова направете го со цел ако имаат потреба од вас да можат да сметаат на времето, ако им е потребна помош да ја побараат порано, а не во 16 часот.

Последните 20 минути оставете ги за средување

Ако останувате до 16 часот, последните дваесет минути не ги планирајте за ништо друго освен за средување на бирото, проверување на состојбата, редење на документи и слично.

Почитувајте си го приватниот живот, не заглавувајте на работа!

Секогаш одработете го прво најтешкиот дел

Во утринските часови одработувајте го секогаш најтешкиот дел од работата, за последните часови од вашето време оставајте ги полесните задачи. Наутро сте поoдоморени и концентрацијата ви е подобра, доколку тешките задачи ги оставите за подоцна, сигурно повторно ќе заглавите.

Не губете време во канцеларија

Ако ви се случува постојано прекувремено да останувате на работа, тогаш вие сигурно неефикасно го трошите работното време, зборувате со колегите, чепкате по компјутерот, пребарувате на интернет, си муабетите на социјалните мрежи и нормално работните задачи се одложуваат. Завршете ја прво работата па доколку ви остане слободно време тогаш најдете начин како да го искористите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП