1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРајфајзен Банк си заминува од Крим

Рајфајзен Банк си заминува од Крим

SONY DSC

Австриската банка „Рајфајзен“ ќе ги затвори сите свои филијали во Крим до средината на април, пренесоа агенциите, повикувајќи се на соопштението на претставник на украинската „Рајфајзен Банк Авал“ во која австриската „Рајфајзен Банк Интернешнл“ поседува 96,41 % од акциите.

Последните шест од 32-те останати филијали во Крим ќе бидат затворени до 15-ти април. Во пораката на Киевска поделба на „Рајфајзен“ се прецизира дека банката не може да ги продолжи своите активности во Крим поради геополитички и правни причини.

Во петокот компанијата „Мекдоналдс“ најави дека ќе ги затвора рестораните во Крим, додавајќи дека нејзината одлука нема никаква врска со политиката.

Затворањето на западни компании во Крим е поврзано со фактот дека Украина и Западот не го признаваат отстапувањето на Крим од Украина. Компании кои работат на територијата на полуостровот, не се сигурни дека промената на статусот на Крим ќе влијае позитивно врз нивниот бизнис, пренесоа светските агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП