
Либиските бунтовници, кои контролираа четири нафтени пристаништа, постигнаа договор со Владата во Триполи за прекин на осуммесечната нафтена блокада.


Либиските бунтовници, кои контролираа четири нафтени пристаништа, постигнаа договор со Владата во Триполи за прекин на осуммесечната нафтена блокада.
Пристаништата Звејтина и Харига, што се под контрола на бунтовниците кои бараат автономија од Триполи, ќе бидат веднаш отворени, додека поголемите пристаништа Рас Лануф и Ес Сидер ќе бидат ослободени во рок од две до четири недели по дополнителни преговори, соопшти Владата.
Од Звејтина и Харига се пренесуваа околу 200.000 барели нафта дневно, додека од поголемите пристаништа се превезуваа по околу 500.000 барели дневно сурова нафта.