4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем за вработување и пракса

Саем за вработување и пракса

kontakt-saem-za-vrabotuvanje-i-praksa-m

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе биде отворен првиот Саем за вработување и пракса „Контакт“ во организација на Студентскиот парламент при ФЕИТ.

На првиот ден од саемот ќе се организира и форумска расправа на тема „Соочуваме аргументи на тезата: пресекот помеѓу стручните познавања на дипломецот и побарувањата на стопанството е празно множество“, на која ќе учествуваат студенти, професори и претставници на компании.

На саемот ќе се презентираат компании од енергетскиот и ИТ секторот, автоматиката, телекомуникациите, електрониката, како и банки. Саемот ќе трае до 9 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП