10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Нема дополнително време за Франција“

„Нема дополнително време за Франција“

francuziukrainaprotiv56

Европските официјални лица се против идејата на Франција да и се даде дополнително време за намалување на дефицитот, со предупредување дека таквиот потег би бил опасен преседан.

Против тој потег се најсериозните кандидати за претседатели на Европската комисија, Жен Клод Јункер и гуверенерот на германската Бундесбанк Јенс Вајдман.

Според Јункер, Франција не би требало повторно да добива специјален третман, бидејќи Европската унија минатата година веќе и даде дополнително време за достигнување на планираниот дефицит, пренесува Ројтерс.

Франција чиј буџетски дефицит во 2013 година изнесуваше 4,3 проценти од БДП, соопшти дека сака нови преговори за постојниот рок за намалување на дефицитот на три проценти, откако ЕУ и наметна рок до 2015 година.

„Франција мора да ги почитува правилата, кои важат и за Кипар, Малта и сите останати. Не очекуваме дека Франција повторно ќе добие специјален третман“, изјави Јункер.

Вајдман во својот говор потенцираше дека „На Франција треба јасно да и се покаже кои се нејзините одговорности и дека за нив не постои одложување“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП