19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Нигерија најголема во Африка

Економијата на Нигерија најголема во Африка

nigerijadjk2309ur3jd

Пресметаната вредност на економијата на Нигерија е 510 милијарди долари, што ја прави најголема економија во Африка, соопштија официјалните претставници на таа земја, во која 70 проценти од населението живее во сиромаштија.

Новата проценка на БДП на Нигерија, ги опфаќа и претходно непресметаните активности на телекомуникациите, информатичката технологија, музичката продукција, авиокомпаниите, растечкиот сектор за електронска трговија и филмската продукција „Ноливуд“.

Така Нигерија сега е на врвот на Јужна Африка – една африканска членка на Г20, чиј БДП од 353 милијарди долари од претходните пресметки беше најголем на континентот.

Ревидираните податоци за Нигерија ќе го намалат растот од 7 проценти, но и ќе и олеснат со долгот кој и онака е мал и изнесува 21 проценти од БДП, што би требало да ги намали и каматните стапки ако владата посака да позајми уште пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП