2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКафето го штити црниот дроб

Кафето го штити црниот дроб

kafe

Ново истражување сугерира дека секојдневното конзумирање на најмалку два филџани кафе е поврзана со 66 отсто помал ризик за смрт од цироза на црн дроб.

Научното списание „Hepatology“ ги објави резултатите кои истражувачите од Универзитетот во Сингапур ги собрале од околу 63.000 испитаници на возраст од 45 до 74 години.

Учесниците во истражувањето биле следени во просек 15 години, а кафето било најизразено поврзано со намалување на ризикот за смрт кај лица чија цироза не била предизвикана од вируси.

Кафето не било поврзано со помал ризик за смрт кај пациенти кај кои цирозата на црн дроб била предизвикана од вирусот на хепатит Б.

Во студијата е утврдено и дека честата конзумација на алкохол го зголемува ризикот од цироза на црн дроб.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека цирозата на црн дроб е 1,3 отсто од смртните случаи во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП