1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLafаrge и Holcim сакаат да се соединат

Lafаrge и Holcim сакаат да се соединат

cement

Двата најголеми светски производители на цемент, француски „Lafаrge“ и швајцарски „Holcim“, се во преговори за спојувње во една компанија.

Вредноста на компанијата на берзата би била преку 50 милијарди долари и ќе биде досега најголемо спојување на две компании од оваа област.

Нивните преговори, кои најверојатно ќе привлечат големо внимание на европските власти за заштита на конкуренцијата, „засновани се на принципите кои се во склад со спојувањето на еднаквите“, се наведува во заедничкото соопштение на компаниите, а го пренесува „Ројтерс“.

Според тоа соопштение, договор се уште не е постигнат, ниту постои некаква гаранција за договор, но е присутна „силна согласност“ и „културна блискост“ меѓу овие групации.

Најавеното спојување би им помогнално на двете компании да ги намалат трошоците, долговите и подобро да се справат со растечката цена на енергијата и слабата побарувачка кои нанесуваат голема штета во тој сектор од економската криза од 2008-та година.

Меѓутоа, овој договор најверојатно ќе го привлече вниманието на европските регулаторни органи, затоа што новосоздадената компанија ќе има доминантна позиција, како во Европа, така и во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП