
По февруарскиот раст на невработените лица во Канада, бројот на нововработените лица во март се зголеми за 15.000, пренесува Заводот за статистика од Отава.


По февруарскиот раст на невработените лица во Канада, бројот на нововработените лица во март се зголеми за 15.000, пренесува Заводот за статистика од Отава.
Стапката на невработеност во март е намалена од 7,8 проценти кои беа забележани во февруари на 7,6 проценти во март, пренесува агенцијата АП.
На годишно ниво во март бројот на вработени лица во Канада е зголемен за 31,000. Бројот на вработени во јавниот сектор е најмногу зголемен, додека во приватниот сектор во месец март е забележана стагнација.