3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Зголемени индустриските нарачки

Германија: Зголемени индустриските нарачки

Берлин-Германија

Обемот на индустриски нарачки во Германија во февруари се зголеми, благодарение пред се на големиот број на нарачки на домашниот пазар.

Индустриските нарачки се клучно мерило за побарувачката на германски производи како на домашниот така и на странскиот пазар.

Индустриските нарачки во февруари пораснале за 0,6 проценти во споредба со растот од само 0,1 проценти во јануари, соопшти германското Министерство за економија, пренесува агенцијата Франс прес.

Обемот на домашните нарачки е зголемен за 1,2 проценти, додека обемот на извозните нарачки е зголемен за само 0,2 проценти.

Гледајќи според сектори, нарачките на полупроизводите пораснале за 1,2 проценти, додека нарачките за капиталните добра пораснале за 0,4 проценти, а трајната потрошувачка стока е намалена за 0,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП