10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтурнарас: Враќањето на Грција на меѓународните пазари е прашање на време

Стурнарас: Враќањето на Грција на меѓународните пазари е прашање на време

grcija-eib

Прашање на време е кога Грција ќе се врати на меѓународните пазари, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.

– Коцките се фрлени. По четири години изолација Грција се враќа на пазарите со емисија на обврзници, истакна министерот.

Експерти предвидуваат дека Грција уште следната недела ќе отпушти емисија на обврзници со рок на доспевање од пет години, со цел да заштеди два милиони евра.

Оваа информација остана без коментар од страна на економскиот тим на Владата во Атина, но се претпоставува дека по синоќешната средба на Стурнарас со премиерот Андонис Самарас, излезот на Грција на пазарите е само прашање на време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП