3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА17 совети како да го импресионирате интервјуерот

17 совети како да го импресионирате интервјуерот

best-interview

Интервјуирањето е клучот за истражување на способностите и карактеристиките на кандидатот, од страна на одговорното лице за вработување. Кандидатите мора да поседуваат основни познавања за работното место пред да влезат на интервјуто, со цел да ги максимизираат шансите за да бидат селектирани!

Погледнете ги овие 17 совети како да го импресионирате оној кој го води интервјуто:

Подготовка. Подгответе се со потребните информации, како на пример времето и местото на одржувањето на интервјуто, исто така, дознајте и нешто за интервјуерот.

Стилови на интервју. Интервјуерите можат да применат различни видови на интервју, како на пример еден-на-еден интеракција, групна процена или панел интервју. Ако ја познавате политиката на компанијата во однос на вработувањето, тоа ќе ви биде од голема помош за да се припремите.

Појавете се порано. Нервозата е честа при интервјуто за работа, и додека кандидатот го одложува своето тргнување, стресот се повеќе се зголемува. Затоа, појавете се порано на местото на интервјуто како би абсорбирале дел од опкружувањето и останете смирени.

Облечете се соодветно. Носете формална облека со елегантни бои и дизајн, како обично црно или сиво палто над бела маица. Немојте да користите јак парфем, нападен накит или други додатоци.

Цврсто ракување.Ракувањето може веднаш да го открие вашиот степен на самодоверба и однесување.Премногу лабаво покажува недостаток на самодоверба, а премногу цвртсо сугерира доминација – изберете некоја средина.

Топла насмевка.Кога ќе се сретнете со интервјуерите, почастете ги со една топла насмевка, гледајќи ги право во очи. Тие ќе се почуствуваат удобно со Вас, и продолжете да се насмевнувате во текот на интервјуто.

Внимавајте на говорот на телото. Говорот на телото е форма на невербална комуникација и може многу да каже за кандидатот. Оттука, треба де се осигурате да не изложувате негативен говор на тело, како на пример гестикулации со објекти, тресење на нозе, чешање на нос и сл.

Покажете компетентност.Интервјуата базирани на компетентност се чест тип на интервјуа, каде се тестираат способности во четири основни области: ситуации, задачи, акции и резултати. Со цел да ги импресионирате интервјуерите, употребувајте ги следниве фрази: “Ситуацијата беше” “Клучните задачи кои беа инволвирани…” “ЈАс превзедов акција…” “Резултатите беа…” и сл. Во вашиот одговор.

Запишете ги важните поенти.Додека интервјуерот ви зборува, фаќајте белешки како би покажале дека нивните информации ви се важни, особено кога интервјуерот зборува за компанијата или профилот.

Дури и вашето пенкало треба да изгледа професионално. Немојте да користите евтини или пенкала во боја. Користете пенкало со пристоен сјај и боја, што ќе ве направи да изгледате професионално.

Истражувајте.Треба да ги имате информациите за компанијата на дланка. Тие информации треба да се мисијата, визијата, продуктите или услугите, финансиската позиција на компанијата и сл. Прочитајте го сајтот на компанијата, годишните извештаи и вестите поврзани со компанијата за да истражите. Ова ќе ви овозможи да одговорите на нивните прашања со самодоверба и ќе ви помогне во формулирање на некои интелегентни прашања што може да ги поставите, а што ќе креираат импресија.

Бидете убедливи во врска со вашето резиме.Знаете го секој детал за она што сте го напишале во вашето резиме, посебно профилите и достигнувањата. Можете и да носите копија со Вас.

Соодветно резиме.Вашето резиме треба да изгледа професионално во секој поглед. Носете го на професинален начин, не премногу обоено, и поврзете ги повеќето страни со спојувалка.

Бидете позитивни додека зборувате.Претпоставете дека веќе сте примени на работа при разговорот со интервјуерите. Користете фрази како “Кога ќе ви се придружам или ќе започнам да работам за вас…”.

Поставувајте прашања.Не се само тие кои треба да ве запознаат, можете и вие да поставувате релевантни прашања. Подгответе се претходно за оваа фаза. Можеби ќе сакате да прашате: “Кога ќе бидам информиран за Вашата одлука?”,“Кога ќе биде примањето?”, “Дали имате код на облекување?”, “Дали работите во сабота?”, “За кој оддел ќе бидам назначен?” и сл.

Заблагодарете им се на времето.По завршувањето на интервјуто, испратете им електронска порака каде ќе им се заблагодарите, уште истиот ден. Со тоа, тие ќе ве запаметат и ќе оставите добра импресија.

Бидете смирени.Бидете стабилни и смирени кога ќе одите на интервју. Не е тоа војна, само дискусија за да се запознаете меѓу себе.

Автор: Гоце Михајлоски, АПВ Анторис – www.antoris.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП