7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија полека застанува на нозе

Словенија полека застанува на нозе

slovenija1

Во март во Словенија се вработиле 8.500 лица, што е за 37 проценти повеќе во споредба со истиот месец пред една година, а за 40 проценти повеќе отколку во февруари 2014 година.

Како што изјави министерот за труд на Словенија Дејан Леванич, минатиот месец работа добиле 2,619 млади лица, додека во периодот јануари-март се вработиле 6,866 млади лица, односно за 26 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Според неговите оценки, тој резултат е оптимистичен, но потешкотиите сеуште не се решени, и поради тоа мерките во тој правец ќе бидат продолжени.

„Се надевам дека ќе ни успее економијата да ја застанеме на нозе за да можеме да вработуваме и на долг рок“, изјави Леванич.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП