4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот во февруари со раст од 22,3 проценти

Извозот во февруари со раст од 22,3 проценти

uvoz1

– Извозот во февруари годинава во однос на февруари лани бележи раст од 22,3 проценти и изнесува 376.474.000 американски долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првите два месецa се извезени македонски производи во вредност од 696.890.000 американски долари, што е 13,5 отсто повеќе од лани. Вредноста на увозот на стоки во овој период според статистичките податоци инесува 1.070.984.000 американски долари. Покриеноста на увозот со извоз е 65,1 процент.

Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, облеката и производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платина и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – февруари 2014 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ каде се извезени 80,8 отсто и земјите од Западен Балкан кои учествуваат со 12,2 отсто.

Во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ со учество од 64,9 отсто и земјите од Западен Балкан со 10 проценти.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија на кои отпаѓа 53,6 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

Во првите три месеци, како што објави Дирекцијата на ТИРЗ, извозот само од зоните изнесува 250 милиони евра со раст од 95 отсто во однос на минатата година.

Лани во првиот квартал извозот од ТИРЗ изнесувал 126 милиони евра, што значи дека  повеќе од третина од македонскиот извоз доаѓа од странските инвестиции во технолошко- индустриските зони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП