2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија ќе отпушти 2.500 службеници на државната компанија за товарен железнички транспорт

Романија ќе отпушти 2.500 службеници на државната компанија за товарен железнички транспорт

zeleznici123denar54e4g

– Романското Министерство за транспорт планира намалување на бројот на вработени за 2.500 службеници во државната компанија за товарен железнички транспорт „ЧеФеРе Марфа“, чија приватизација не успеа минатата година.

Министерот Дан Шова, кој ја раководи институцијата, се сретна со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и на Светската банка, пред кои ја претстави положбата во железничкиот оператор.

– На 28 март 2014 согласно ангажманите кон ММФ, управниот совет на „ЧеФеРе Марфа“, започна процес на скратување на 2.500 службеници, изјави Дан Шова, истакнувјќи дека се преземени мерки за покривање на просечните задолженија на компанијата.

По предвидените скратувања, „ЧеФеРе Марфа“ ќе остане со 6.000 службеници.

Во неодамнешниот извештај на ММФ се предвидува новата процедура за приватизација на товарниот железнички оператор да стартува во мај 2015, при што дотогаш властите предвидуваат преструктуирање на компанијата и враќањето на рентабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП