20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредношколци од Илинден ќе одат на практична настава во Џонсон мети

Средношколци од Илинден ќе одат на практична настава во Џонсон мети

dzonsonmetinccehf834

Ученици од средното училиште во Илинден ќе посетуваат практична настава во компанијата Џонсон мети во индустриската зона Бунарџик. Ова го овозможува потпишаниот Меморандум меѓу Општината Илинден и компанијата.

Со потпишувањето на овој меморандум, Општина Илинден, воведувајќи иновативен пристап во образованието, со цел збогатување на знаењата на учениците преку практична настава и обука, ја проширува соработката со локалниот бизнис сектор на полето на образованието, како една од најважните области за развој и фактор на модерен раст.

Вакви меморандуми за соработка со кои се овозможува подигнување на нормите, вредностите и стандардите во образованието, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во средното стручно училиште „Илинден“, Општината веќе потпиша со компаниите МЕПСО, Џонсон Контролс и Ван Хол.

Успешната соработка со бизнис секторот е дел од стратегијата на Општина Илинден за намалување на невработеноста, што е еден од приоритетите поради кој и се воведе средно образование кое што профилира кадри според потребите на локалната бизнис заедница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП