25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Фич“ ја намали прогнозата за економскиот раст на Турција

„Фич“ ја намали прогнозата за економскиот раст на Турција

fitch

– Меѓународната кредитна агенција „Фич“ ја намали прогнозата за економскиот раст на Турција од 3,2 на 2,5 отсто за 2014 година и од 3,8 на 3,2 проценти во 2015 година, објави весникот „Хуриет дејли њуз“.

Агенцијата одлуката ја аргументира со забавувањето на растот на домашното кредитирање и знацитe за слабеење на корисничката и инвеститорска доверба.

Во денеска објавеното соопштение „Фич“ го потврдува кредитниот рејтинг на Турција на ниво „БББ-“ со стабилна перспектива.

„Фич“ нагласува дека турската економија останува доста променлива и дека конзистентноста и предвидливоста на макроекономската политика се очекува да бидат послаби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП