3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДонација на Бимилк и Тинекс за заводот за рехабилитација на деца со...

Донација на Бимилк и Тинекс за заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух

naslovi

Денеска во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола, беше врачена донацијата од 80 јоргани и 80 постелнини од акцијата „Хуманоста е важна“ на БИМИЛК и ТИНЕКС. 

Со акцијата која траеше од 10-ти февруари до 10-ти март оваа година, од секое продадено БИМИЛК млеко во маркетите наТИНЕКС,се издвојуваа средства кои достигнаа до износ од вкупно 150.000 денари. Од нив се обезбедија материјални добра и помагала,во рамномерен износ, за двете јавни установи – Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола и Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ од Скопје.

bim

„Нашата заедничка цел е да помогнеме во создавањето на што подобри услови за живот и развој на лицата со посебни потреби. БИМИЛК покрај тоа што е синоним за здравото и квалитетно млеко и здравата исхрана, има за цел постојано да создава нови можности за хуманитарни акции и за јакнење на свеста кај граѓаните и институциите за нивното значење“, изјавиПолексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк.

На претставниците на БИМИЛК и ТИНЕКС им беа доделени благодарници од страна на директорот на Заводот за рехабилитација на децата со оштетен слух „Кочо Рацин“ – Битола, Илија Насевски, кој истакна дека децата од оваа установа имаат двојна причина за радост – од една страна донацијата, а од друга страна стекнувањето на двата нови вредни пријатели и поддржувачи на Заводот – Млекара АД Битола и ТИНЕКС.

bimi

“Ова е втора по ред донација во рамките на  заедничкиот проект со Бимилк “Хуманоста е важна” и најмногу би сакале да им се заблагодариме на нашите граѓани, нашите потрошувачи кои овозможија да се оствари оваа хумана акција. Иако е втора донација во рамките на оваа акција тоа не значи и последна, ние и во иднина како општествено одговорна компанија ќе се залагаме во рамките на нашите можности и определби да помогнеме онаму каде што помошта е најпотребна”-изјави Цветанка ХристовскаГлавен бренд директор на Тинекс.

bimilk

 

Под платформата „Хуманоста е важна“, Бимилк и Тинекс обезбедија средства за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби и во установите – ДСУ за рехабилитација и образование “Наум Охридски“ и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“ во октомври и ноември мината година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП