2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанскиот Парламент го усвои договорот за кредит со ММФ

Албанскиот Парламент го усвои договорот за кредит со ММФ

albanian-parliament55

По единаесет часовна расправа, преполна со меѓусебни обвинувања албанскиот Парламент доцна синоќа со 76 гласови „за“ го усвои договорот со Меѓународниот монетарен фонд за добивање кредит во износ од 330,9 милиони евра, јави дописникот на МИА од Тирана.

Патениците од владејачкото мнозинство ги отфрлија амандманите на опозицијата, која пак пред гласањето ја напушти собраниската сала.

Според опозицијата овој договор земјата ја носи кон стечај, а ќе бидат воведени 12 нови даноци кои „ќе паднат на плеќите на и така сиромашните граѓани“.

Владејачкото мнозинство и премиерот Еди Рама отфрлајќи ги обвинувањата сметаат дека заемот од ММФ значи ослободување на економијата и заживување на бизнис климата. Рама за тешката економска состојба и големите долгови ја обвини претходната влада, која, како што рече ги затскрила реалните долгови.

– Се годееме со договорот со ММФ, зашто не спаси од големата бездна пред која не доведовте вие. Овој договор гарантира економски раст, не содржи никакви условувања. Се е тука транспарентно. Наследивме затскриен долг во износ од 720 милиони долари. Заемот е со камата од 1,13 отсто и благодарение на овој заем влегуваме во нова фаза, исплата на долговите, така што економијата ќе почне да заживува, порача меѓу другото Рама.

Рама се пофали дека во изминатите месеци забележани се натплански приходи во однос на даноците, царината, додавајќи дека ова е година кога економијата ќе почне да расте и година на спроведување на реформи за кои владата е максимално ангажирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП