2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ХЕЦ „Шпилје“ добро производство и солидна резерва

Во ХЕЦ „Шпилје“ добро производство и солидна резерва

hecshpilje584wf4747f

Турбините на ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар, во првото тромесечие од годинава, произвеле 25 милиони киловат часови електрична енергија.

Оствареното производство претставува околу 10 отсто од вкупно планираното годишно производство, кое согласно енергетскиот биланс е проектирано на 282,5 милиони киловат часови.

– Моментно просечниот доток е околу 40 метри кубни вода во секунда, а исполнетоста на дебарската акумулација е околу 50 проценти. Во неа има резерва на вода за производство на околу 20 милиони киловатчасови, велат надлежните.

Според познавачите, исполнетоста на акумулацијата е солидна, имајќи го во предвид фактот што зад нас е една од најсушните зими во изминатите 20 години.

Поради исклучително поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, лани во овој значаен електроенергетски објект, беа произведени 395 милиони киловат часови електрична енергија, што беше за 57 отсто повеќе од годишниот план.

Споредено со производството во 2012 година, произведени беа дури 156 милиони киловат часови повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП