4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен стандардот на Французите

Зголемен стандардот на Французите

inflacijacenigermanija5e4f4f4ew4

Куповната моќ на француските домаќинства во минатата година е зголемена за 0,3 проценти, по рекордниот пад од 0,9 проценти во 2012 година.

Ова зголемување сепак крие спротивставени резултати сметано по квартали, соопшти францускиот Национален институт за статистика ИНСЕЕ.

Така во првиот и вториот квартал од минатата година забележан е раст на куповната моќ од 1,0 и 0,5 проценти, а во нарендите два квартали таа се намалила за 0,2 проценти пренесува АФП.

Што се однесува на потрошувачката, според ревидираните податоци на Институтот за статистика, таа во четвртиот квартал се зголемила за 0,4 проценти, додека вкупните инвестиции на францусикиот пазар забележале раст од 0,5 проценти.

И надворешната трговска размена во истиот квартал била во пораст, при што вредноста на извозот пораснала за 1,3 проценти, а на увозот за 0,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП