5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да бидете успешна вработена мајка

Како да бидете успешна вработена мајка

16782060524e7998c2ceb106131062_orig

Да се биде успешна вработена мајка значи да имате ненормална количина на обврски, а ниту една од нив не ви дозволува да земете слободен ден или пак малку повеќе време за пауза. Како мајка, секогаш сте на должност. Меѓутоа, се поставува прашањето дали можете успешно да се снајдете меѓу работата и семејството. Еве неколку совети како да успеете во тоа:

1. Наспијте се доволно

Никој не може да функционира без доволно сон, а спиењето е клучен начин како да бидете успешна вработена мајка. Кога имате хаотичен распоред, најлошо е доцна да си легнете. Следниот ден ќе ви биде напорен и нема да можете да го надополните изгубениот сон. Тоа негативно ќе се одрази и на вас и на вашето семејство.

2. Се е во ставот

Ако дома влегувате уморни и мрзливи по напорниот ден на работа или уште полошо… напнати поради гужвата во сообраќајот, негативно ќе влијаете на членовите на вашето семејство. Да се биде вработена мајка значи дека времето поминато со семејството е многу значајно но и ограничено. Вложете напор сите фрустрации и проблеми од работата да ги оставите на работното место, и дома дојдете расположени и среќни.

3. Правете листа на обврски

Успешните вработени мајки се вистински супер херои. Меѓутоа, иако можеби делува како да се обидувате да ја преместите Азија налево без да ја носите црвената наметка, правењето листа сигурно ќе ви помогне во тоа. Никогаш нема да можете се да запамтите затоа со себе секогаш носете мал нотес во кој ќе забележувате се што треба да направите дома и на работа.

4. Не оставајте ништо за утре

Кога после напорниот ден на работа само сакате да легнете на троседот со чаша вино, прво проверете дали сите ваши обврски се завршени. Не оставајте ситни домашни задачи за утре како што се садовите, работите за пеглање или домашна работа која треба да ја потпишете. Наутро ќе бидете благодарни самите на себеси што сите тие ситни работи сте ги завршиле навреме, а останатите ќе ви завидуваат како можете да бидете толку успешна и на работа и дома.

5. Барајте помош

Барањето на помош е клуч на успехот. Наспроти популарното верување дека тоа е знак на слабост, денес тоа е знак дека сте многу реални и фокусирани на она што го правите и свесни дека ви треба помош како сето тоа би го направиле најдобро што можете.

6. Поставете граници

Жените имаат доста проблеми со поставувањето на граници, посебно кога се децата во прашање. Поставете јасни правила каде завршува вашата работа, а каде почнува семејството. Вашиот шеф треба да го почитува вашето време со семејството, а семејството треба да ви пружи поддршка и да биде свесно колку работата ви е важна.

7. Искористете пауза за ручек

Нека паузата за ручек биде време само за вас. Заминете на фризер, на масажа или со пријателите на кафе. Многу е важно во текот на денот да издвоите малку време и за себе, а не само за другите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП