5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg ја купи чешката пиварница Zatecky Pivovar

Carlsberg ја купи чешката пиварница Zatecky Pivovar

carlsberg pivo ceska

Данскиот производител на пива, „Carlsberg“, денеска објави дека ја купи чешката пиварница „Zatecky Pivovar“, со што си ја отвори вратата на водечкиот пазар во светот според конзумацијата на пиво по глава на жител.

Од Carlsberg“ не го споменаа точниот износ кој е платен за превземање на „Zatecky Pivovar“, во која сега имаат удел од 51 процент.

Чешката пиварница е изградена во 1801-ва година во склоп на дворецот „Zatec“, а може да произведе 200.000 хектолитри пиво годишно. Тие ја следат античката традиција за произвдство на пиво кој влече корени уште од средниот век.

„Премиум чешкото пиво претставува растечки сегмент на клучите пазари во Европа, а „Carlsberg“ по аквизицијата ќе може да го презентира големиот бренд „Zatec“ на одбраните пазари“, се споменува во соопштението на чешката компанија.

Останатите брендови на „Zatecky Pivovar“ се „Baronkа“ и безглутенското пиво „Celiа“.

Според истражувачкиот институт на јапонската пивара „Kirin“, Чесите се најголемите пивопијци во светот и годишно во просек пијат 148,6 литри пиво, многу повеќе од Австриците (107,8 литри) и Германците (106,1 литри).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП