4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв саем за женско претприемништво во ЈИЕ

Прв саем за женско претприемништво во ЈИЕ

Portrait of a female executive

Прв Саем за женско претприемништво во Југосисточна Европа ќе се одржи денеска во Дубровник Хрватска, во организација на ГТФ во состав на Светскиот собир на меѓународни здруженија на бизнис жени, а во соработка со Дубровачко-неретванската општина и здружението на бизнис жени.

На саемот ќе присуствуваат повеќе од 100 учесници, меѓу кои жени претприемачи, претставници на здруженија за бизнис жени и стопански комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Молдавија, Србија, Турција и Бугарија.

Саемот е дел од тригодишниот проект „Женско Претприемништво: Моторот за создавање на работни места во Југоисточна Европа” кој го предводи ГТФ, а е финансиран од страна на Шведската развоја агенција СИДА (СИДА), со цел промовирање на најдобрите пракси во женското претпиемништво во сообразност со европскиот закон за мали фирми и градење на нацинонални и регионални организации и здруженија за жени претприемачи.

Македонските претставнички од македонската Стопанска комора, Македонска мрежа на ментори и останатите домашни организации кои ја третираат оваа тема ќе учествуваат на првиот саем за женско претприемништво на Југоисточна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП