2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗалихите го забавија растот на богатите држави

Залихите го забавија растот на богатите држави

ekonomijavsetbogatizemjig56e46g46e4

Економскиот раст во богатите земји во последниот квартал од 2013 година забави на 0,5 проценти, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Економскиот раст забави, како што се наведува, поради тоа што европските компании ги намалиле залихите на материјали по нивната акумулација во третиот квартал.

„Во сите европски земји намалувањето на залихите го загрози растот“, соопшти ОЕЦД, пренесува агенцијата Франс прес.

Намалувањето на залихите, според проценките на оваа организација, влијаело врз намалувањето на економскиот раст за 0,1 процентни поени, додека скокот на личната потрошувачка придонел за растот со 0,4 проценти, а закрепнувањето на извозот со дополнителни 0,2 процентни поени.

Факторите за раст во една земја се инвестициите, личната потрошувачка, владината потрошувачка и нето извозот.

Како што наведува ОЕЦД, за растот на БДП во САД најмногу придонела личната потрошувачка, главен двигател за растот во Јапонија биле инвестициите, додека за економскиот раст на Германија најмногу придонел извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП