24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s го прекинува работењето во Крим

McDonald’s го прекинува работењето во Крим

mcdonaldsrestoranijf308f3e

Ланецот ресторани за брза храна „McDonald’s“ привремено ќе го прекине работењето во Крим, соопшти оваа компанија.

„Поради оперативни причини кои не зависат од „McDonald’s“ работата во објектите во Симферопол, Севастопол и Јалта привремено ќе биде прекината. Се надеваме дека ќе го обновиме работењето веднаш штом за тоа постојат услови“, се наведува во соопштението на компанијата.

„McDonald’s“ притоа, им даде можност на сите вработени во привремено затворените ресторани да прејдат во некои други објекти во Украина, со задржување на своите позиции, должности и плата, со надокнада за преселување на работниците на ново место, како и покривање на трошоците.

Ако работниците не се сложуваат со ваквата понуда ќе им бидат понудени други решенија за прекин на работното место и исплата на отпремнина.

Првиот објект на „McDonald’s“ во Украина е отворен во 1997 година во Киев. До денес во 23 градови на Украина работат 79 ресторани на „McDonald’s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП