18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги најави мерки против ниската инфлација

Драги најави мерки против ниската инфлација

mario-draghihgf783trfgb43g9urft4

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ги искористи сите рaсположливи неконвенционални мерки за да обезбеди ниската стапка на инфлација да не трае долго во земјите на еврозоната, изјави денес претседателот Марио Драги.

„Управниот совет на ЕЦБ е едногласен во одлучноста да ги искористи сите неконвенционални инструменти во рамките на својот мандат за да ефикасно му се спротивстави на ризикот од предолгиот период на ниска инфлација“, изјави Драги на конференцијата за новинари.

ЕЦБ претходно објави дека нема да ја менува основната каматна стапка.

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во март се намали на 0,5 проценти, што е најмалата стапка од моментот кога економијата на овие земји влезе во длабока рецесија, односно од 2009 година.

Еврозоната веќе шест последователни месеци, како што кажа Драги, е во „опасната зона“ на инфлацијата , која изнесува помалку од еден процент.

Претседателот на ЕЦБ изјави дека очекува инфлацијата да остане ниска уште некое време, а пред крајот на годината таа да се зголеми на околу два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП