4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMOL ќе исплати дивиденда од 60 милијарди форинти

MOL ќе исплати дивиденда од 60 милијарди форинти

mol gass

Унгарската нафтена и плинска компанија „MOL“ свикува генерално собрание за 24-ти април оваа година на кое ќе предложи на акционерите да им исплати вкупно 60 милијарди форинти (околу 195 милиони евра) на име на дивиденда.

Од минатогодишната добивка на име на редовна дивиденда ќе бидат исплатени 47 милијарди форинти, а на име специјална дивиденда 13 милијарди, стои во предлогот на Одборот на директори на „MOL“.

Па така дивидендата по акција би изнесувала 570 форинти (околу 1.86 евра), која според вчерашната цена на акциите пред затворањето на берзата во Будимпешта од 12.895 форинти, дава дивиденден принос од 4.4 проценти.

Со оглед на сопственичкиот удел на државата, според пресметките од „MOL“ во државната каса ќе влезат 15 милијарди форинти во име на дивиденда.

Меѓу останатите предлози е и оној за изборот на Сандорда Ксанија, Анвара ал-Кхарусија и Антонија Радева за членови на Управниот одбор на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП