2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛокации за мало стопанство во Чешиново Облешево

Локации за мало стопанство во Чешиново Облешево

cheshinovo-obleshevofh3ur38

– Општина Чешиново Облешево согласно урбанистичката документација за населеното место Спанчево на заинтересираните инвеститори им нуди изградба на стопански капацитети за повеќе намени на локалитетот „Свети Атанасиј“.

– Локалитетот „Свети Атанасиј“ се наоѓа во атарот на село Спанчево со вкупна корисна површина од 25 хектари. Според урбанистичкиот план на општината за овој локалитет парцелите ќе бидат наменети за изградба на преработувачки капацитети, како и за поставување фотоволтаични панели за искористување на сончевата енергија, изјави Костадин Личков, градоначалник на општината Чешиново Облешево.

Странски инвеститори, како што истакнува Личков, се заинтересирани и за вложувања во искористување на геотермални води.За урбанизација на локалитетот кај „Свети Атанасиј“ во село Спанчево општината издвои 4 милиони денари сопствени средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП