
Украина оваа година се надева на надворешна помош од 13 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави денес министерот за финансии Олександер Шлапак.


Украина оваа година се надева на надворешна помош од 13 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави денес министерот за финансии Олександер Шлапак.
„Можна е надворешна помош од 13 милијарди долари оваа година“, изјави Шлапак за новинарите.
Тој додаде дека очекува седум милијарди долари од ММФ, а останатиот дел од донаторски конференции од останатите доверители.
Тој додаде дека оваа сума на пари е неопходна со цел Украина повторно да „застане на нозе“ и да може да ги сервисира редовно своите долгови, во спротивно ситуацијата во неговата земја ќе се влоши, а не е исклучена и можноста за банкрот.