3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПофалете ги вработените: Ќе ви се врати повеќекратно

Пофалете ги вработените: Ќе ви се врати повеќекратно

pofaletevrabotenite47e7fgefwfew3

Деловниот свет често се доживува како свет во кој никој не се грижи за ништо друго освен за постигнатите деловни резултати. Но, постојат и работодавци кои се свесни дека луѓето а не бројките, се темел на секоја компанија, а дека за нивната продуктивност и лојалност кон компанијата придонесува здравата работна атмосфера во која платата е компензација, а не пофалба за нивната работа.

Но како да создадете ваква средина? Со воспоставувањето на т.н „култура на пофалби“ компаниите им испраќаат порака на вработените декa тие на нив премногу им значат. Па, се прашувате како да ги пофалите? Ова се нашите совети…

Јавно

На луѓето им е пријатно да бидат пофалени јавно, со тоа ќе ги нагласите нивните достигнувања и ќе ги издвоите од купот. Во исто време и останатите вработени ќе видат дека вредната работа не поминува незабележано.

Искрено

Неискреноста веднаш се чувствува, а пофалбите кои не доаѓаат од срцето нема да го дадат посакуваниот ефект. Вработените ќе почнат да ги разгледуваат мотивите кои се наоѓаат позади вашите лажни пофалби, а со тоа ќе си го расипете и стекнатото реноме.

Конкретно

Секогаш пофалете ја конкретно онаа работа која ви се допаднала, не фалете целокупен труд, туку посочете ја токму таа работа за која сметате дека била одлично извршена.

Навремено

Многу е важно вработениот да го пофалите веднаш по завршената работа. На тој начин и на останатите вработени ќе им покажете дека будно ја следите работата на секој и воопшто ги следите сите случувања. А од друга страна тоа е и времето во кое и самите работници чувствуваат најголема пофалба за сработеното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП