12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите и Белгијците најголеми песимисти за иднината

Французите и Белгијците најголеми песимисти за иднината

pesimizamf5e4fe4wf4e6

Французите и Белгијците се најпесимистичните граѓани во ЕУ во однос на животот на идните генерации, економската и социјалната состојба, покажа анкетата спроведена во 28 земји на Унијата.

Според резултатите од анкетата која ја спроведе Агенцијата за истражување на јавното мислење – Евробарометар, 58 проценти од граѓаните на цела територија на ЕУ изразиле песимизам за иднината на наредните генерации.

Французите и Белгијците се меѓу најпесимистичните бидејќи 71 процент од граѓаните во Франција и 70 проценти од граѓаните во Белгија навеле дека животот на идните генерации ќе биде многу потежок од нивниот.

Малку пооптимистични се граѓаните на Луксембург бидејќи 62 проценти од нив искажале песимизам во поглед на стандардот кој ги очекува нивните деца. Следат Германците кои изразиле песимизам од 62 проценти.

Половина од граѓаните на ЕУ, поточно 49 проценти сметаат дека социјалната еднаквост и солидарност ќе бидат најважните европски предизвици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП